А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Посебен сообраќаен режим во Скопје, Пелинце и Крушево

by А1он02/08/2013 - 10:29209
Share0

Во Скопје на дел од сообраќајниците во централното градско подрачје денеска ќе има посебен сообраќаен режим, со оглед на најавените манифестации по повод одбележувањето на 2 Август, денот на Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ.

Добивај вести на вибер

МВР информира дека во периодот од 09 до 12 часот затворени за сообраќај ќе бидат крстосницата од ул. „Димитрија Чупоски“ до ул.„Васил Главинов“ (кај Палома Бјанка). Затворена ќе биде и крстосницата од бул. „Кочо Рацин“ до ул. „11-ти Октомври“ (кај зградата на Црвен крст), а сообраќајот нема да се одвива и по крстосницата од ул. „Филип 2“ до ул. „Кеј 13-ти Ноември“ (кај хотелот „Холидеј Ин“).

МВР апелира до граѓаните, поради традиционалната прослава што ќе се одржи во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце за одбележување на 69-годишнината од одржување на Првото заседание на АСНОМ, која што ќе започне во 11 часот, сите заинтересирани посетители да пристигнат во Меморијалниот центар најдоцна до 10 часот, бидејќи по ова ќе биде воведен посебен сообраќаен и безбедносен режим заради пристигнувањето и сместувањето на ВИП гостите.

Покрај тоа, со почеток од 12 часот на Мечкин Камен – Крушево, ќе се одржи манифестација на која обраќање кон присутните ќе одржи претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски. По тој повод, МВР апелира до сите граѓани кои имаат желба да присуствуваат на овој настан, да пристигнат до 11 часот, бидејќи од градот Крушево до месноста Мечкин Камен ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим.

krusevo

Би можело да ве интересира

Намалена видливост од магла во Крушево и на премините Стража и Плетвар

Горан Наумовски11/01/2025 - 13:28

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево

Горан Наумовски02/01/2025 - 09:14

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Горан Наумовски13/09/2024 - 13:57

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

Горан Наумовски01/09/2024 - 19:13

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Горан Наумовски02/08/2024 - 09:14

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево

Горан Наумовски02/08/2024 - 07:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен