-Јас сум никој. Не постојам. Сакам да ја користам фантазијата и мојот Кенон 1000 – вели за себе италијанскиот уметник Франческо Ромоли.
Во циклусот „Имагинарни градови“ Ромоли ја претставува „состојбата на човекот“, деградацијата на просторот и изолацијата.
Станува збор за прикази на анонимни и напуштени градови во кои „живеат“ изгубени луѓе. Сето тоа е изработени од картонски кутии. Со помош на манипулација со просторот, игра со светлината и сенките се постигнува атмосфера на мистичност и постапокалиптичност.