Грвала: Путин е пропагатор и воен злосторник

Од:

Министерката за надворешни работи на Косово Доника Грвала вели дека тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин дека во Украина војуваат платеници од Косово е лага и има за цел да го одвлече вниманието од геноцидот што Русија го врши во Украина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Шефицата на косовската дипломатија на својата официјална страница на Твитер напиша дека однесувањето на Путин е исто како она на некогашниот српски лидер, Слободан Милошевиќ и на сегашниот српски претседател, Александр Вучиќ.

– Нема косовски платеници. Воениот злосторник Путин се обидува да го одвлече вниманието од неговиот геноцид во Украина вршејќи воена пропаганда. Тој лаже, повторно. Ние ја знаеме таа игра, од Милошевиќ до Вучиќ. Косово гордо стои покрај Украина, Америка и Европската унија, против воените злосторници, напиша Грвала.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Украина транспортирала околу 11,36 милиони тони руска нафта преку нафтоводот Дружба во 2024 година

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин