Најмалку 22 лица загинаа во сирискиот град Хомс при силна експлозија во магацин за оружје, сопственост на милиции кои го поддржуваат претседателот Башар ал Асад.
Според опозициски активисти, експлозијата била много посилна од експлозии на бомби што се користат во секојдневните судири во градот.
Инцидентот се случи во југоисточниот кварт Ан Нозха, во кој доминантни жители се алавитите. На ова малцинство му припаѓа и претседателот Асад.
Сунитски бунтовници често уништуваат објекти на алавитите и нивни квартови и воени позиции во целата држава, јавуваат западни медиуми.