Итната исплата на готовина од Светска банка за Украина ќе порасне на 460 милиони евра со донаии од Шведска и Холандија и ќе биде поднесена на одобрување одборот денеска, јавија западни медиуми повикувајќи се на извори запознати со трансакцијата.
Украинската влада би можела да ги добие средствата за заем речиси веднаш по одобрувањето од одборот, што може да биде до почетокот на следната недела, изјави еден од изворите.
Исплатата, договорена со невообичаена брзина, ќе и обезбеди на Украина потребните пари за финансирање на владините операции додека се бори со руската инвазија
Холандија ќе гарантира зголемување на заемот за 95 милиони евра, додека Шведска ќе поддржи зголемување од 50 милиони евра, велат изворите. Гаранциите од двете земји ќе и овозможат на Светската банка да ја прошири исплатата на 460 милиони евра од претходно објавениот заем од 317 милиони евра.
Извор: МИА