Египетското Министерство за внатрешни работи побара денеска од приврзаниците на сменетиот претседател Мохамед Морси да се разотидат од улиците во Каиро, ветувајќи им „безбедно заминување“.
Министерството во соопштението ги повика демонстрантите на плоштадите Раба ал Адавија и Нахда „да дозволат да преовлада разумот и националниот интерес и брзо да си заминат“. Ветено им е безбедно заминување и целосна заштита за секој што ќе одговори на повикот.
Египетската Влада вчера го задолжи Министерството за внатрешни работи да направи се што е потребно во рамките на законот за да ги прекине протестите.