Грција во криза, а Венизелос со втора канцеларија која ќе чини половина милион евра годишно

Од:

Одлуката на лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос самиот да си додели втора владина канцеларија веројатно ќе предизвика незадоволство, особено откако Владата изгласа нови мерки на штедење и намалување на вработени во јавниот сектор, пишува „Елефтеротипија“.


Како еден од најистакнатите министри на земјата, тој веќе ја има една од најдобрите владини канцеларии во Атина, во Министерството за надворешни работи кое е само на неколку чекори од Парламентот.


Но лидерот на ПАСОК сега ќе добие и втора владина канцеларија и персонал од дваесет луѓе, за да може да ја извршува својата функција и како заменик-премиер. Одлуката е објавена и во Службениот весник на Грција, а потпишана е од самиот Венизелос и заменик-министерот за финансии Христос Стаикурас.


Канцеларијата на заменик-премиерот ќе ја чини државата, односно даночните обврзници вкупно 468.706 евра годишно. Но, со оглед на тоа што Венизелос ја презеде функцијата минатиот месец, при реконструкцијата на Владата, неговата канцеларија годинава ќе чини „само“ 234.353 евра за шест месеци.


За Венизелос во новата канцеларија ќе работат 20 вработени, од кои 15 ќе бидат прераспределени од државната служба, а останатите петмина ќе ги назначи лично тој, по сопствен избор, како негови „ специјални советници“.


„Елефтеротипија“ коментира дека иако се уште не се знае каде ќе биде новата канцеларија на заменик-премиерот, можно е Венизелос да ги земе просториите кои ги користеше последниот заменик-премиер, неговиот сопартиец од ПАСОК Теодорос Пангалос, кои се неколку чекори зад Министерството за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија