Викендов прскање против комарци во Скопје

Од:

Град Скопје ги известува граѓаните дека ќе изврши авионска и терестрична дезинсекција против комарци на подрачјето на главниот град.

Како што се наведува во соопштението, четвртиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) годинава, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива в сабота и недела од 5:30 до 8 часот.

Четвртиот наврат на дезинсекцијата од земја (терестрична) во 2013 година, на подрачјето на Град Скопје против комарци, ќе се одвива од 5 до 9 август (од понеделник до петок), од 1 до 5 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, таа ќе се изврши следниот ден, во истиот термин, кога временските услови ќе бидат поволни, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Би можело да ве интересира

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Нова измама во Скопје, лажен полицаец зел над 5.000 евра

Скопјанец ја истепал сопругата и нивната ќерка, па оштетил дел од покуќнината

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари