Албанскиот претседател Илир Мета реагираше по донесувањето на резолуција од страна на Обединетите нации, со која се осудува руската агресија врз Украина.
Во објава на Твитер напиша дека 141 држава се обединиле и побарале Русија да ја повлече војската од Украина.
Тој, овој чекор го оценува како значајна дипломатска победа за слободата и мирот.
– 141 држава се обединија барајќи Русија да ја повлече нејзината армија од Украина. Една значајна дипломатска победа за слободата и мирот. Останете со Украинa, напиша Мета.
Извор: МИА