Повеќе од илјада странци досега се вклучиле во борбите против Русија, според украински податоци.
„Доброволци од 16 земји ширум светот веќе дојдоа во Украина, подготвени да се борат заедно со украинскиот народ против агресорите“, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Тој додаде дека „нивниот број веќе надминал повеќе од 1.000 луѓе“.
Информацијата засега не е потврдена од независни извори, јави ДПА.
Кулеба не прецизираше од кои држави дошле доброволците. Тој нагласи дека 19 земји досега ветиле испораки на оружје за Украина.
Извор: МИА