Невообичаен бран летни торнада денеска ја погоди северна и западна Полска, во кои едно лице го загуби животот, а 10 се повредени.
Како што јавуваат агенциите, во областа на националниот парк Бори Тухољкије, популарна туристичка дестинација, забележен е торнадо со широчина од 800 до 1.000 метри.
Во овој регион повеќе од 400 хектари шума се срамнети со земја, а повеќе од 10 куќи се урнати.
Оваа појава доведе до прекин во електричната енергија и затворање на патиштата, а стотици пожарникари ги отстрануваат стеблата од дрвјата, од кои некои беа паднати врз железничките шини.
Според пожарникарите, еден човек загина во селото Вицинки, кога врз него се урнала неговата куќа.