Во австралиски авион се разболеле над 20 патници

Од:

Повеќе од 20 патници се разболеле во авион за време на летот од Сантијаго до Сиднеј и тие денеска се хоспитализирани и сместени во карантин, соопшти австралискиот авиопревозник „Квантас“.

Заболените патници се од иста туристичка група и сите имаат стомачни проблеми. Тие се качиле во авионот во Сантијаго.

– Авионот „Боинг 747“ при слетувањето на аеродромот во Сиднеј бил пречкан од лекарски тим, кој ги згрижил патниците, изјави портпаролот „Квантас“ Лук Енрајт.

Тој додаде дека според неофицијални информации, заболени се 26 патници. Енрајт не сакаше да каже колку патници имало во авионот, но сите ги советувал внимателно да ја следат својата здравствена состојба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

А1он

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ