Словенија се подготвува за евентуален бран бегалци од Украина

Од:

Во Словенија освен поединечни случаи речиси и да нема бегалци од Украина, но хуманитарните установи, организации и владините служби за подготвуваат за евентуален бран луѓе од украинските региони зафатени со судирите.

Премиерот Јанез Јанша изјави дека земјата е подготвена на можен бегалски бран од Украина. На средба со раководство на Цивилната заштита Јанша рече дека во моментот не знае дали ќе се зајакнува бегалскиот бран со кој засега се соочуваат само соседните држави на Украина, како и оти Словенија досега добила барање за помош на 40-тина семејства што ја напуштаат Украина.

Првите бегалци во Словенија од Украина пристигнаа во понеделникот, конкретно две семејства на украински вработени во словенечка компанија од Велење што поставува систем за прочистување на води во украински Житомир.

Министерот за одбрана на Словенија, Матеј Тонин, синоќа изјави дека за украински бегалци се обезбедени 300 легла во местото Логатец, а унапред се регистрирани 80-тина потенцијални локации каде би можеле да бидат сместени деца-бегалци од Украина што би пристигнале без нивните родители.

Бројни хуманитарни организации, во најголема мера Црвениот Крст и Каритас, спроведуваат акции со апели и повици за материјална и парична помош за Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Украина транспортирала околу 11,36 милиони тони руска нафта преку нафтоводот Дружба во 2024 година

(ВИДЕО) Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, наскоро се среќавам со Путин

„Нуклеарна сила да му прави отстапки на Киев, тоа никој не го разгледува“, Медеведев за германското сценарио за Украина

Катерина Ѓуровски