Антиќ денеска се приклучува на репрезентацијата

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација од денеска засилена со Перо Антиќ ќе ги продолжи подготовките во Крањска Гора, Словенија. Капитенот на националниот тим попладнево им се приклучува на соиграчите, соопштуваат од Македонската кошаркарска федерација.

Од МКФ известуваат дека пристигнувањето на Лестер Бо Мекејлеб во договор со селекторот Алеш Пипан е поместено за в понеделник. Македонскиот плејмејкер побарал уште дополнителни два дена за приватни обврски и во догвор со раководството на репрезентацијата, терминот на неговото приклучување на репрезентацијата е поместен од 1, на 4 август.

Македонската репрезентација веќе неколку дена тренира во Крањска Гора. Селеторот Пипан, во изјава за веб страната на МКФ вели дека подготовките се одвиваат во најдобар ред.

– Работиме на физички план. Од тренинг во тренинг ја поставуваме играта и тактиката. Атмосферата е одлична, сите играчи се залагаат максимално и задоволен сум од нивниот ангажман и од посветеноста на тренинзите, изјави Пипан.

Здравствениот билтен на репрезентативците е добар со исклучок на Дарко Соколов кој работи со намален интензитет поради повредата на глуждот, како и Ѓорѓи Чековски кој чувствува болката во препоните на која се пожали на почетокот на подготовките, но тој активно партиципира во тренизите.

Македонската репрезентација до недела останува на Крањска Гора, а потоа од понеделник се сели во Хрватска, каде што на 6 и на 7 август ќе одигра две контролни средби со домашната селекција.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос