Со украински знамиња и слогани против рускиот претседател, илјадници граѓани се собраа на плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент во центарот на Атина за да ја изразат нивната поддршка за Украина, додека пак студентските организации и подмладоци на левичарски партии одржаа одвоен собир и протестен марш, јави дописничката на МИА од Атина.
Голем дел од насобраните на протестот на Синтагма беа Украинци кои живеат во Грција, а присутен беше и атинскиот градоначалник Костас Бакојанис.
На протестот организиран од студентите, беа и членови на подмладоците на Комунистичката партија и на СИРИЗА.
И двата протести, и покрај студеното време беа масовни, а завршија мирно, без никакви проблеми.
Извор: МИА