Асад: Убеден сум во победата над бунтовниците

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека е „убеден во победата“ над бунтовниците, кои се борат да го сменат од власта, јавија денеска државните медиуми во Сирија.

– Ако ние во Сирија не сме убедени во победата, немаше ни да имаме волја да се спротивставиме и да се браниме од агресијата што трае повеќе од две години, истакна Асад во пораката по повод Денот на армијата.

Обраќајќи им се на војниците, Асад рече дека е убеден во нивната способност да ја исполнат националната мисија што им е доверена.

– Покажавте храброст во борбата против тероризмот и го импресиониравте целиот свет со својот отпор, во една од најбруталните и најсвирепи војни во модерната историја, истакна сирискиот претседател.

Порака на Асад следи откако владините сили во понеделникот повторно го презедоа клучниот дел од стратешки важниот град Хомс, по речиси едномсечните борби.

Според податоците на ОН, во борбите во Сирија, што траат веќе 28 месеци, загинаа повеќе од 100.000 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети