Сателитски снимки направени денеска покажаа дека руските копнени сили продолжија да се приближуваат до главниот град на Украина со воен конвој долг 27 километри, соопшти приватна американска компанија.
Во конвојот се стотици оклопни возила, тенкови, артилерија и возила за логистичка поддршка.
Портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека руските сили се обидуваат да се приближат до главниот град на Украина, Киев, но се уште се надвор од центарот на градот.
„Гледаме дека руските сили одат натаму и се обидуваат да се приближат до Киев по копно“, рече Кирби на брифингот во Пентагон.
„Сè уште проценуваме дека тие се надвор од центарот на градот, но она што јасно го знаеме е дека имаат намера да влезат во Киев“, додаде тој.
Украинците „прилично ефективно пружаат отпор околу Киев“, додаде Кирби. „Тие многу им ги отежнуваат работите на Русите и ги насочуваат да одат на југ“, додаде тој.