Велика Британија ги советува своите граѓани да не патуваат во Русија

Од:

Велика Британија денеска ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија поради недостиг на достапни опции за летови и зголемената економска нестабилност.

– Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој (ФЦДО) советува да не се патува во цела Русија поради недостиг на достапни опции за летови за враќање во Британија и зголемената нестабилност во руската економија, се наведува во соопштението на Форин Офисот.

Вредноста на рубљата значително се намали во последните денови, а има информации дека голем број луѓе се обидуваат да ги повлечат своите заштеди од руските банки, соопшти Форин Офисот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски

Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Горан Наумовски

Патрушев: Украина ќе престане да постои