Објавувањето на скандалот со незаконското постапување на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски, повикува на институционална реакција и одговорност. Бараме од сите надлежни институции, вклучително и ДКСК, но и Јавното обвинителство да покренат соодветни законски процедури за да утврдат одговорност за овој случај, рече на прес конференција пратеникот на СДСМ, Дарко Кевски.
Согласно документите кои свиркачи ги доставија до нас основано се сомневаме за повеќе незаконитости и прекршувања на законите. В.д директор на Јавно претпријатие, Добри Петров, по налог на градоначалникот, незаконски бил назначен за ревизор. Иако не ги исполнувал условите, немал положен ревизорски испит, немал ниту лиценца ниту сертификат. Замислете, со незаконска ревизија од в.д директор на Комунално претпријатие незаконски е сменета директорка на детска градинка во Гази Баба. Очигледно тоа била целта и на целата оваа партиска шема на ВМРО-ДПМНЕ, рече Каевски.