Косовскиот ски-центар Брезовица затворен поради опасност од лавини

Од:

Косовската полиција објави дека е информирана од ски-центарот во Брезовица, на Шар Планина, дека поради атмосферските врнежи и опасноста што им се заканува на граѓаните од лавини, овој ски-центар денеска е затворен за посетители, јави дописникот на МИА од Приштина.

Полицијата соопшти дека нејзини патроли ќе бидат поставени на крстопатот кој води кон ски-центарот Брезовица и на влезот на Националниот парк „Шара“, каде што ќе ги одвраќаат сите возила на посетителите.

– Известувањето е со цел да не се создадат препреки и блокирање на сообраќајот. Ги молиме возачите да ги почитуваат упатствата на полицијата. Граѓаните ќе бидат информирани навреме за тоа кога ќе се создадат услови за посета на местото, се вели во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Косовските Срби почнаа да се враќаат во државните институции

Во Косово уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница за издржување казна затвор од шест години

Косовската полиција заплени шверцувана стока од Македонија вредна 120.000 евра

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците

Кастрати: Целосен дебакл на Курти