Во неколку француски градови се одржуваат собири за поддршка на украинскиот народ, јави дописникот на МИА.
Во Париз, неколку стотици луѓе се собраа на Плоштадот на Републиката, веејќи украински знамиња и плакати кои се непријателски настроени кон Владимир Путин.
На собирот се присутни и двата претседателски кандидати Ан Идалго (социјалист) и Јаник Жадо (Зелени).
Извор: МИА