Еди Рама го соопшти составот на новата влада на Албанија

Од:

Новиот албански премиер, Еди Рама денеска на прес-конференција во Тирана го соопшти составот на неговиот владин кабинет.

Како што јави дописникот на МИА, идната влада ќе има еден потпретседател, 16 министри и тројца државни министри.

Вицепремиер ќе биде Нико Пелеши, шеф на дипломатијата Дитмир Бушати, а министер за внатрешни работи Саимир Тахири. Шкелќим Цани ќе биде министер за финансии, Насип Начо за правда, а Арбен Ахметај за економија.

Со Министерството за одбрана ќе раководи жена, Мими Кодели, исто како и со ресорот евоинтеграција, за кој ќе биде одговорна Клајда Ѓоши.

За разлика од досега, кога сите министри беа и пратеници, сега само неколкумина од нив ќе ги извршуваат двете функции

Поголемиот дел од министрите, како што рече и Рама, за првпат седнуваат во министерските фотелја, а дури шест од нив се жени.

Според него, граѓаните на Албанија не гласале само за обична промена на една политичка партија, туку за промена на земјата, почнувајќи од промена на начинот на владеење.

– Владите на земјава во последните 20 години никогаш во својот состав немаа толкужени министри, а дури 90 отсто од сите владини функционери се првпат министри. Ова се знаци на револуцијата на гласањето од 23 јуни. Се е смислено со големо внимание за да имаме министри кои ќе бидат во служба на народот и ќе работат деноноќно на новата владина агенда за да се чекори забрзано кон албанската преродба, изјави Рама.

Новата албанска влада треба да биде избрана во септември, по конститурањето на новиот состав на Парламентот на Албанија.

Инаку, албанската Централна изборна комисија се уште ги нема соопштено официјалните резултати од јунските избори, бидејќи се уште трае преразгледувањето на приговорите и пребројувањето на одредени гласачки места.

ОБСЕ денеска ги повика албанските политичари да ги признаат изборните резултати, а Комисијата што побрзо ги соопшти резултатите.

Ваквата реакција на ОБСЕ уследи по изјавата на премиерот во заминување Сали Бериша дека изборите се „изманипулирани“ и оти нема да ги признае изборните резултати.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски