Големите универзитети во Авганистан денеска ги отворија вратите за студентите, шест месеци откако Талибанците ја презедоа власта, но само неколку жени се вратија во предавалните кои се поделени на машки и женски.
Повеќето средни училишта и сите државни универзитети беа затворени за девојчиња откако Талибанците ја презедоа власта на 15-ти август, што ги зголеми стравувањата дека на жените ќе им биде забрането образование, како што беше случајот за време на првото радикално исламистичко владеење од 1996 до 2001 година.
Талибанците најавија дека овој пат ќе дозволат девојчиња и жени да се образуваат, но само при посебна обука од мажите и според исламска наставна програма.
Универзитетот во Кабул, најстариот и најголемиот во земјата со околу 25.000 студенти минатата година, денеска повторно беше отворен, но се помина тивко и со малку присутни студенти присутни. Талибанското обезбедување не им дозволи на новинарите пристап до големиот кампус и ги избрка медиумските екипи кои останаа во близина на влезот, јавија светските агенции.
Извор: МИА