Паради на солидарност со Украина низ целиот свет

Од:

Поворки и маршови се организираат по улиците низ повеќе градови во светот во знак на солидарност со Украина и противењето на руската инвазија, објавуваат странските агенции.

Неколку стотици луѓе маршираа низ Сиднеј во поддршка на Украина и побараа дополнителни мерки против Русија, додека демонстрантите во Токио бараа исфрлање на Русија од Советот за безбедност на ОН.

Во Грузија, поранешна советска република која ја доживеа руската интервенција во 2008 година, околу 30.000 луѓе протестираа во петокот вечерта.

И во Рим синоќа парадираа луѓе низ центарот на градот до Колосеумот, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Мир, а не војна“.
Со пораки за мир и против војна, грчките опозициски партии СИРИЗА и Комунистичката партија одржаа одделни, мирни протести пред руската амбасада во Атина.

Маршови на солидарност се одржаа и во Канада, во градовите Монтреал, Халифакс, Винипег, Ванкувер и Торонто.

„Путин, тргни ги рацете од Украина“, скандираа луѓето во Монтреал.

Протести во знак на солидарност со Украина за денеска се закажани во Париз.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ризикот од конфликт меѓу нуклеарните сили расте, предупредува Сергеј Шојгу

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Порака на Трамп до Русија: „Ако не се договориме, ќе воведам санкции“

Вучиќ со Зеленски: Разговаравме за можностите за постигнување мир

Зеленски призна: Ни требаат милион војници

Трамп ќе му каже на Путин да ја прекине војната, ако одбие, имаме план – открива неговиот тим

Катерина Ѓуровски