Естонија го забрани емитувањето на неколку телевизии на руски јазик

Од:

Естонската Агенција за заштита на потрошувачите и технички регулативи (TTJA) денеска, на една година, го забрани емитувањето на руските канали РТР Планета, НТВ Мир, Росија 24 и ТВ Центар Интернационал. Слична забрана беше воведена и за телевизијата Белорусија 24.

ТТЈА својата одлука ја темели на говорот на рускиот претседател Владимир Путин во кој рускиот лидер ја оправда инвазијата на Украина. Агенцијата соопшти дека емисиите на руски јазик биле во спротивност со забраната за поттикнување извршување кривично дело и ја нарушувале јавната безбедност.

-Вонредните времиња бараат одлучни акции. Ние веруваме дека одредени телевизии во естонскиот информативен простор го преминаа прагот на толеранцијата, рече претседателот на ТТЈА, Каур Кајак.

И Летонија воведе забрана за телевизиски преноси на руски јазик.

Во двете балтички држави живеат значителен број припадници на руското малцинство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот