Во Белград се одбележува Илинден

Од:

По повод националниот празник Илинден, здружението „Македониум“ од Белград организира повеќе културни настани. Во куќата на Ѓуро Јакшиќ во Скадарлија отворена е мултимедијалната изложба „Кокино – Мистичен шепот низ вечноста“ на авторот Љупчо Илиевски.

Изложбата ја отвори конзулот на Амбасадата на Република Македонија во Белград, Марјан Јованоски. За уметничката вредност на фотографиите зборуваше Игор Рил, главен и одговорен уредник на списанието Национална географија во Србија.

Физичарот и астроном од планетариумот од Скопје, кој ја извршил деталната археоастрономска анализа на Кокино, Ѓоре Ценев одржа предавање за оваа мегалитска опсерваторија од која се набљудувани небеските тела и биле изработувани сончевите и лунарните календари. По предавањето бил прикажан и документарен филм за овој феномен.

Изложбата е дел од манифестацијата „Денови на македонската култура во Белград – Допир на Македонија“, чиј прв дел беше реализиран во мај годинава.

Би можело да ве интересира

Бакиќ: Се подготвував да бидам министер за полиција, но тоа е само моја желба

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Српски „ловци“ следеа авион на „Виз ер“ поради закана со бомба

А1он

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари