Украинската војска тврди дека нивни војник загинал во гранатирање изведено од проруски сепаратисти

Од:

Украински војник загина денеска во бомбардирање изведено од проруските сепаратисти на линијата на фронтот во источна Украина, соопшти украинската армија. Украинските вооружени сили не прецизираа точно каде се случил нападот, туку во соопштението посочија само дека еден војник починал од здобиените рани.

Украинската армија исто така соопшти дека шест војници биле повредени во гранатирањето, пренесуваат западни агенции.

Претставниците на самопрогласените и признати само од Русија како републики региони во источна Украина изјавија дека во експлозии на нивна територија загинале тројца цивили.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Лавров: Европските лидери кои беа против прекинот на огнот се предомислија

Песков: Русија и САД го продолжуваат дијалогот, Москва не го напаѓа енергетскиот систем на Украина

ЦИА тврди: Украинската војска е потценета, украинските сили се борат за траен мир

Горан Наумовски

Русија: Уништени се девет украински беспилотни летала и една пешадиска единица

Горан Наумовски

Руските сили го нападнаа градот Октирка, оштетени се неколку станбени згради