Таткото Шајп Ахмети, мајката Налиље Ахмети и пензионираниот полицаец Александар Костовски за првпат влегоа во судница, каде треба да им се суди за трговија со дете, родосквернавење и силување. Таткото беше донесен во инвалидска количка, мајката од затворот „Скопје“ заедно со поранешниот полицаец. Сите се гонат, бидејќи во според обвинението, во период од четири години, таткото си ја силувал малолтетната ќерка и потоа ја продал во Косово, за мајката, три години да ја порадава за пари на поранешниот полицаец.
„А1он“ обезбеди и одобрение од Врховниот суд за снимање на обвинетите, но судечкиот судија Софче Гаврилова-Ефремова, не дозволи тоа да биде направено. Па така, за разлика од други судски предмети каде за снимање немало проблем, овде беше забрането. Останува нејасно, зошто судијката не го дозволи снимањето пред почетокот на рочиштето, иако во судницата не беа присутни жртвите туку само обвинетите.
Откако се констатираше дека рочиштето може да се одржи, а бидејќи во предметот се штити малолетничка, но и нејзиниот брат кој исто така бил силуван а сега е полнолетен, судењето беше затворено за јавност. Ова е вообичаена судска пракса, со оглед дека жртви биле деца. Обвинетите не се изјасниле за вина, а обвинителката дала воведни зборови за предметот.
Судијката Гаврилова-Ефремова ја објасни одлуката за затворањето на рочиштето за јавност, одлука со која се согласија Обвинителството и адвокати: “За да се заштити детето и приватноста на другото оштетено лице-жртва во оваа кривична постапка, а со оглед на кривичното дело предмет на оваа постпака. Судот констатира дека во оваа насока е донесено решение од страна на судија на претходна постапка при овој суд, кое се однесува на детето-жртва, како и кривичното дело, определените посебни мерки на проценсна заштита и истото се однесува на сите фази на постапката, а тоа е основ за заштита на приватноста на детето-жртва“.
Обвинителството за овој предмет покрена обвинение при крајот на месец јануари. Тројцата обвинети се гонат за повеќе кривични дела, како родоквернавење и трговија со дете, а поранешниот полицаец и за силување.
Според обвинението, таткото секојдневно вршел обљуба врз неговата малолетна ќерка, која подоцна ја продал во Косово за да склучи брак. Детето отишло, а кога се вратило на гости во Македонија, никогаш повторно не заминало кај што било продадено, а таткото продолжил со обљуба врз неа.
Мајката, пак, избегала од куќата каде живеела со маж ѝ, со себе ја понела и ќерка ѝ, заедно со браќата. Но хоророт продолжил. Таа ја запознала ќерка ѝ со поранешниот полицаец, па употребувајќи физичка сила ја носела во неговата куќа и за паричен надомест од по 2.000 денари, а понекогаш и од по 500 денари му овозможила да врши полови дејствија со малолетничката. Поранешниот полицаец, користел сексуални услуги од дете кое не наполнило 14 години.
„Истиот во текот на месец декември 2018 година, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот, извршил и друго полово дејствие врз малолетниот брат на девојчето“, се вели во Обвинението.
За кривичните дела што им се ставаат на товар, предивдени се високи казни затвор во траење од најмалку десет односно 12 години.
„А1он“ и во минатото има истражувано за случаи каде деца се жртви на трговија со луѓе.