Обновени израелско-палестинските преговори, без американски посредници

Од:

Израелската и палестинската делегација денеска ги обновија мировните преговори во Вашингтон.


Средбата се одржува во зградата на Стејт департментот, но без американски посредници. Државниот секретар на САД Џон Кери и специјалниот претставник на Вашингтон Мартин Индик се очекува подоцна да се приклучат на преговорите.


Израелската делегација е предводена од Министерката за правда Ципи Ливни, а палестинската од главниот преговарач за мировните прашања Саеб Еракат. По пристигнувањето во Вашингтон синоќа тие беа на вечера со Кери и фактички го обновија израелско-палестинскиот дијалог, по тригодишен прекин.


Претседателот Обама ги прифати денеска неофицијално израелските и палестинските преговарачи во Белата куќа, соопшти портпаролот на Белата куќа.


Според агендата првиот круг од преговорите треба да заврши денеска. Портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки објави дека страните се согласиле да одржат мировни преговори во минимум период од девет месеци.


Американскиот претседател Барак Обама вчера го оцени како ветувачки чекор напред првиот круг од преговорите меѓу Израелците и Палестинците, но предупреди дека ќе треба да се заврши тешка работа и да се направат тешки избори.

Би можело да ве интересира

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија