Ди Мајо: Италија ќе испрати несмртоносна воена помош за Украина

Од:

Италија ја разгледува можноста за испраќање несмртоносна воена помош на Украина за да и помогне на нејзината економија, најави денеска министерот за надворешни работи Луиџи ди Мајо.

Рускиот претседател Владимир Путин распореди повеќе од 150.000 војници долж границата со Украина, според проценките на Соединетите Американски Држави, и потпиша декрет за распоредување војници во проруските источни провинции Доњецк и Луганск.

„Повеќемесечната криза и повеќекратните предупредувања за руска инвазија и нанесоа штета на украинската економија, поради што Рим е подготвен да издвои 110 милиони евра помош за украинското население и економија во области договорени со властите во Киев“, рече министерот Ди Мајо.

Тој додаде дека планира да и помогне на армијата со испраќање несмртоносна опрема, поточно опрема за деминирање.

„Сакаме да ја продолжиме дипломатската иницијатива за да се избегне војна. Верувам дека тоа е сè уште можно, иако изгледите се намалуваат секој ден“, рече Ди Мајо.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски