Парламентарен извештај: Франција мора да ја засили својата подготовка за потешки конфликти

Од:

Надополнување на резервите со муниција, пополнување празнини во капацитетите, зголемување на буџетот на армијата…. Франција мора да ги интензивира напорите за да биде подготвена да се соочи со голем конфликт и да избегне воено деактивирање, предупредува парламентарниот извештај што е објавен денеска, во екот на тензиите меѓу Русија и Украина, јави дописникот на МИА.

-Она што се случува во Украина… ја зајакнува нашата проценка. Високиот интензитет на тензии е веродостојна хипотеза и ние мора да се подготвиме за тоа, бидејќи најдобриот начин да се избегне војна е да се подготвиме за неа, рече пратеничката Патрисиа Миралес, коавтор на извештајот со пратеникот Жан-Луј Тиерио.

Извештајот ја поддржува стратешката визија на францускиот началник на Генералштабот Тиери Буркхард, за кого идните вооружени конфликти ќе бидат со „висок интензитет“, во воен жаргон, т.е. потешки конфронтации, во поголем обем, што резултира со големи човечки загуби.

Соочени со сили како Кина, Русија или Турција, кои повторно се вооружуваат додека распоредуваат повеќе или помалку наметнати дејства на влијание, „мора да се продолжи и да се нагласи зголемувањето на одбранбените напори“, сметаат двајцата известувачи.

Во овој извештај пратениците особено препорачуваат „непосреден финансиски напор“ за реконституција на резервите со муниција.

-Ни недостасуваат шест до седум милијарди евра за да ги обновиме резервите со муниција, објасни Жан-Луј Тирио пред Здружението на одбранбени новинари, истовремено предупредувајќи дека во „случајот со комплекси за муниција, како што се ракетите „Скалп“ , времето меѓу нарачката и испораката е 36 месеци.

Во однос на капацитетите, извештајот, меѓу другото, сугерира зголемување на форматот на борбени авиони на 215 авиони (во споредба со сегашната цел од 185 на 230 за воздухопловните сили), за да се донесе „што е можно поскоро“ бројот на првокласни фрегати до 18 наспроти планираните 15 и да се развие роботизација во копнените сили.

Додека голема војна би резултирала со огромни човечки загуби, Франција мора да „планира грижа за ранетите во голем број со цивилни болници“, се подвлекува во извештајот. Конечно, „за да се „победи војната пред војната“ и да се растера маглата на намерите во заситеното информативно поле“, неопходно е да се „зачува информациската супериорност“ со особено зајакнување на „средствата за борба против дезинформациите во операциите“, нагласува извештајот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности