Распоредувањето руски војници во источна Украина за Белата куќа е „инвазија“, соопштија американските медиуми.
Неколку европски лидери претходно синоќа и денеска изјавија дека руските трупи се преселиле во областите под контрола на бунтовниците во источна Украина откако Путин доцна синоќа ја признал нивната независност, но некои посочија дека тоа сè уште не е целосна инвазија од која долго време се плашеле.
-Сметаме дека ова е, да, почеток на инвазија, најновата руска инвазија на Украина, рече Џон Финер, главен заменик советник за национална безбедност.
„Поради ситуацијата на теренот Белата куќа одлучи дејствијата на Русија во Украина да ги нарекува инвазија“, изјави официјален американски претставник, кој сакаше да остане анонимен.
Извор: МИА