Петти ден продолжува потрагата по исчезнатите патници од траектот што се запали кај Крф

Од:

Противпожарната служба на Грција побарала од Министерството за поморство траектот што се запали додека пловеше во близина на Крф да биде пренесен на безбедно пристаниште каде што ќе продолжи акцијата на специјалните спасувачки екипи во потрагата по десетте исчезнати лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за поморство на Грција соопштија дека барањето од противпожарната служба е поради тоа што во позицијата во која се наоѓа сега траектот исцрпени се сите можности за истрага и спасување, а акцијата непречено ќе продолжи откако траектот ќе биде закотвен на пристаниште.

Спасувачката акција веќе петти ден е во тек, а исчезнати се десет патници, најверојатно возачи на камиони кои решиле патувањето кон Италија да го поминат во нивните возила паркирани во гаражите на траектот, нешто што е забрането.

Според грчките медиуми, меѓу исчезнатите се седум бугарски државјани, двајца Грци и еден Турчин.

Пожарот изби во петокот, по четири часот наутро додека италијанскиот траект „Euroferry Olympia“ пловел во морскиот дел североисточно од островот Ерикуса, а тргнал од Игуменица за Бриндизи.

Според официјалниот список, имало 239 патници и 51 член на екипажот, како и автомобили и камиони.

Дополнително произлезе дека меѓу спасените се и две лица, веројатно мигранти кои патувале нелегално, без билет.

Спасено е вкупно 281 лице, десет се водат за исчезнати, а еден патник го загуби животот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он