Маркетинг агенцијата Република ја направи грешката во владината кампања за Илинден

Од:

Маркетинг агенцијата Република ја презеде одговорноста за грешката во владината кампања за Илинден, во која годината на АСНОМ наместо 1944, беше напишана 1945.

Во врска со идејните решенија и печатењето на материјалите за обележување на 110 годишнината на националниот празник „2-ри Август – Илинден“, информираме дека при печатењето на истите е направена ненамерна техничка грешка при која потенцирањето на одржувањето на заседанието на АСНОМ, стои годината 1945 наместо 1944 како што е правилно.

Информираме дека при забележувањето на ненамерната грешка веднаш е даден налог за соодветно да се преработи и реобјави целокупниот промотивен материјал за празникот Илинден и тоа агенцијата ќе го направи на сопствен трошок.

Замолуваме јавноста да го уважи нашето извинување и жалење за овој ненамерен пропуст, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези