Шолц, Макрон и Бајден: Овој чекор на Русија нема да остане без одговор

Од:

Едностраниот чекор на Русија е јасно кршење на Договорот од Минск и тој чекор нема да остане без одговор, соопштија вечерва во заедничка изјава германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот претседател Џозеф Бајден.

-Канцеларот Шолц вечерва разговараше со Бајден и Макрон по влошувањето на ситуацијата во Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Указот за признавање на самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР) во источна Украина, изјави портпаролот на германската влада Стивен Хебестрајт.

„Тие се обединети во изјавата дека овој унилатерален чекор на Русија е јасно кршење на Договорот од Минск. Германија, Франција и САД остро ја осудуваат одлуката на рускиот претседател. Тој чекор нема да остане без одговор“, се наведува во заедничкото соопштение.

Шолц, Макрон и Бајден изразија солидарност со Украина и ја пофалија досегашната воздржана реакција од претседателот Володимир Зеленски.

Тие нагласија дека нема да попуштат во нивната посветеност на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија

„Њујорк тајмс“: Бројот на Севернокорејци во Курск е преполовен

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина