Блинкен: Потегот на Москва е флагрантно непочитување на меѓународните закони и норми

Од:

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во писмена изјава истакна дека САД го осудуваат признавањето независност на две територии во источна Украина од страна на рускиот претседател Владимир Путин, јави Си-Ен-Ен.

„Оваа одлука претставува целосно отфрлање на обврските на Русија од Договорите од Минск, директно е во спротивност со тврдењато за посветеност на Русија кон дипломатијата и е јасен напад врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, оцени Блинкен, додавајќи дека потегот е „флагрантно непочитување на меѓународните закони и норми“.

Блинкен го повтори претходното соопштение од Белата куќа дека претседателот Џо Бајден ќе потпише извршна наредба со која се овластуваат ограничени санкции во регионот што Путин го прогласи за независен.

„Нашата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и за владата и народот на Украина е непоколеблива“, рече Блинкен. „Ние стоиме со нашите украински партнери и остро да ја осудиме најавата на претседателот Путин“, посочи американскиот државен секретар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа