Невреме ја собори „Њутновата јаболкница“

Од:

Ботаничката градина на Кембриџ при големо невреме остана без својата Њутнова јаболкница.

Кустосот на градината Семјуел Брокингтон вели дека дрвото било посадено во 1954 година и дека стоело на влезот на ботаничката градина Бруксајд 68 години.

Тој вели дека тоа стебло е клон на она кое го навело Исак Њутн да го открие законот на гравитација. Вистинското стебло од кое паднало јаболко кое го инспирирало Њутн да ја осмисли својата теорија за гравитација, се наоѓа во Вулсторп Мејнор во Линколншир. Иако паднало во невреме во 19 век, стеблото преживело и во текот на годините се размножувало со калемење. Брокингстон вели дека анализата покажала дека три стебла во Кембриџ, вклучително и она од ботаничката градина, се клонови на Њутновата јаболкница.

Иако падот на стеблото при невремето било тажна загуба, тоа и онака било при крајот на својот век, бидејќи го нападнала габа.

Ботаничката градина веќе е во постапка за добивање на нов потомок на Њутновата јаболкница по пат на калемење.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година