Груевски: Бранко ќе се испоти да објасни зошто немаше дела и проекти

Од:

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска ќе треба да им објасни на жителите на Богданци, Валандово и Дојран зошто во негово време немаше проекти во овој регион, ги потценуваше земјоделците и издвојуваше само пет милиони евра за субвенции за нив, рече премиерот Никола Груевски за посетата на опозицијата во овој регион.

„Денеска е доста топол ден, но не само заради тоа. Бранко Црвенковски ќе треба доста да се испоти вечерва во Богданци, во Валандово, во Дојран за да им објасни зошто во негово време од буџетот тој одвојуваше за земјоделците годишно само пет милиони евра, а сега еве само во последните пет-шест години се исплатени околу 500 милиони евра за македонските земјоделците. Ќе му биде тешко да им го објасни тоа затоа што беше толку многу години на власт и толку многу ги потценуваше земјоделците, а сега тие толку многу добиваат во овие години. Еве оваа година 130 милиони евра, минатата 115 милиони евра, пред тоа 100 милиони, пред тоа 70, пред тоа 40 милиони евра. Така што вкупно, во овие шест години околу 500 милиони евра се инвестираат за земјоделците од буџетот како директна субвенција, рече Груевски.

Според него, за Црвенковски ќе биде голем проблем и доста ќе се испоти да им објасни на жителите од Богданци зошто во негово време немаше никакво чистење на каналите што создаваше многу често поплави за земјодлеците. Денеска, додаде, тоа се прави редовно, директно од страна на Владата.

„На Црвенковски ќе му биде тешко да објасни и зошто пропаднаа повеќе државни фирми во тој крај поради што многу луѓе останаа без работа. Ќе му биде исто така тешко да објасни многу нешта кои што имаше можност да ги направи, а не ги направи. Исто така, ќе му биде тешко да објасни како тоа градоначалникот, кој што беше последен градоначалник од СДСМ и кого СДСМ го предложи на таа функција во Богданци заврши во затвор заради проневера на пари. Така што ќе има тешка вечер во Богданци, ако има малку совест во себе, рече премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси

Манасиевски: Венко Филипче специјалниот пратеник на Румен Радев за Македонија заедно со Рубин Земон се главни соработници на бугарската пропаганда во Македонија