Ештон: Морси е добро и има пристап до медиуми

Од:

Сменетиот египетски претседател Мохамед Морси е добар и има пристап до телевизија и весници, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон денешната прес-конференција во Каиро.

Ештон синоќа се сретнала со Морси на тајната локација, обезбедувана од армијата, каде тој се наоѓа в притвор.

– Се погрижив неговото семејство да знае дека тој е добар. Јас реков дека ќе дојдам во Египет само доколкуможам да се видам со него, нагласи Ештон, која одби да соопшти детали за местото на средбата.

Шефицата на европската дипломатија се обидува да договори решение за политичката криза во Египет. На прашањето дали на Морси му предложила „безбедно заминување“, таа одговори дека „нема направено такво нешто“.

Морси е обвинет дека заедно со палестинската исламистичка група Хамас планирал да изврши „непријателски дејствија“.

Ова е втора посета на Ештон на Египет откако на 3 јули војската го смени Морси од власта. Приврзаници на Морси упатија повик за одржување големи протести денеска за негова поддршка, и покрај заканата на властите дека ќе биде употребена сила. Околу еден милион лица синоќа мирно протестираа пред седиштето на безбедносните сили во Каиро.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро