Неколку повредени во тешка сообраќајка на магистралниот пат Струмица – Ново Село

Од:

Во 00.55 часот по полноќ, во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, делница од село Босилово-село Турново, се случила сообраќајна несреќа патничко возило „мазда“ управувано од 45-годишниот О.С. од село Старо Балдовци, струмичко и патничко возило „бмв х3“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот В.Џ. од село Градско Балдовци, струмичко, информира МВР.

Како што соопшти Министерството, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „мазда“, 25-годишниот А.А. од село Старо Балдовци – сопатник во возилото „мазда“ и 33-годишната В.Ј. од село Градско Балдовци – сопатничка во возилото „бмв“, констатирани во болницата во Струмица.

Додека со телесни повреди се здобила В.Џ., малолетен сопатник во возилото „мазда“, С.И.(42) од с.Градско Балдовци – сопатничка во возилото „бмв“ и малолетна сопатничка во возилото „бмв“ од с.Градско Балдовци, констатирани во болницата во Струмица, извести МВР.

Увид извршила екипа од СВР Струмица.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он