Кремљ планира да ангажира блогери, кои ќе имаат задача да се справат со зголеменото влијание на опозицијата на социјалните мрежи, пишува денеска провладиниот руски весник „Известија“.
Според извор на весникот од претседателската администрација, руските власти имаат намера да влијаат врз дискусиите на Интернет за проблеми поврзани со корупцијата и национализмот.
– Тоа не значи дека треба да ја пласираме информацијата како што нам ни одговара, но не треба ни да дозволиме деструктивен развој на дискусијата. Такво нешто има во многу странски држави, вклучувајќи ги и САД, изјавил изворот.
Според аналитичарот Станислав Белковски, Кремљ планира да создаде свој „одред од блогери“ што за него ќе го прават истото, што го правеа опозицискиот лидер Алексеј Навални и неговите сопартијци за опозицијата во Русија.