Најмалку девет лица загинаа во невремето ширум Западна Европа

Од:

Најмалку девет лица загинаа, многумина од паднати дрвја, во невремето што ги погоди Ирска, Велика Британија, Белгија и Холандија, додека околу 400.000 во Британија останаа без електрична енергија.

Тимови во Западна Европа денеска ги отстрануваа паднатите дрвја и работат на враќање на електричната енергија по една од најразорните бури во последните години.

Британските и ирските метеоролошки служби бурата ја нарекоа Јунис, а германските бурата што вчера го зафати регионот ја нарекоа Зејнеп и е втора голема бура за една недела.

Ветерот урна црковна кула во Велс на југозападна Англија, откорна делови од куполниот покрив на лондонската О2 Арена, собори дрвја и оштети згради во неколку земји.

Налети на ветер од 196 километри на час беа забележани вчера во одредени моменти на островот Вајт. Доколку биде потврдено, ова ќе биде најголемата брзина на ветер некогаш забележана во Англија.

Британската национална железничка асоцијација соопшти дека железничките линии во повеќето делови на земјата се сè уште блокирани и така ќе останат во текот на денот.

Метеоролошката служба соопшти дека денеска посилен ветер ќе ги зафати јужните брегови на Англија и Велс, а можни се дополнителни штети, додека снегот и мразот може да предизвикаат нарушувања во северните делови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани