Жителите на Дојран се три дена без вода и нервозни: Да кажеа на време ќе се заплакневме

Од:

Три дена, жителите но и посетителите на Дојран, користат речна вода за технички потреби, а флаширана за пиење. Откако прегорела пумпа, цела општина нема вода. Граѓаните се жалат дека со денови полнат туби и канти со вода, за да можат да се избањаат, измијат раце и садови. Градоначалникот Анго Ангов за „А1он“ вели дека работат и по 24 часа за да го надминат проблемот. Но, за дел од жителите, неразбиливо е како три дена не се успеало да се смени пумпата.

„Да кажеа на време ќе се заплакневме. Три дена сме без вода, полниме од бунари и извори во река. Секој ден прашуваме кога ќе дојде, секој ден ни кажуваат дека проблемот е скоро решен. Викенд е, во градот има и туристи, кои веројатно нема да се вратат повторно. Но настрана и од тоа, вода е неопходна, мора час поскоро да се пушти“, објаснува жител на Дојран.

Градоначалникот Анго Ангов за „А1он“ кажа дека на проблемот се работи и по 24 часа за да се реши. Според него, екипите пожртвувано прават се што можат да се надмине проблемот. Доколку биде се во ред, попладне, проблемот ќе бил надминат.

„Вода нема само вчера и денеска, се менуваат пумпите на еден од изворите, каде прегоре. Екипите се повеќе од 24 часа на терен“, објаснува градоначалникот.

Од јавното претпријатие задолжено за водоснабдувањето се со истиот став. Замолуваат за трпение.

„Ве замолуваме да бидете малку потрпеливи. Доколку активностите се одвиваат во најдобар ред, очекуваме комплетно нормализирање на водоснабдувањето до попладневните часови“, велат од „Комуналец-Полин Дојран“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран

Горан Наумовски

Ветрот не дозволува да се стави под контрола пожарот кај Стар Дојран

Пожарот во Дојран брзо се шири, градоначалникот бара помош и вели веројатно е подметнат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар во Дојран: зафатени три куќи, се евакура населението

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Поради пожарот на Богородица/Евзони, возилата се пренасочуваат на Дојран

Катерина Ѓуровски