Длабоко сме загрижени од тоа што Русија не избра пат на дипломатија и сѐ што набљудуваме, вклучитено и она што се случуваше во изминатите 48 часови, е дел од сценарио кое веќе се игра со креирање лажни провокации, изјави денеска на Минхенската безбедносна конференција државниот секретар Ентони Блинкен.
-Мошне важно е да се фрли светлина на она што го гледаме. Можеби тоа ќе ја натера Русија на поинаков пат. Остануваме целосно подготвени… да се ангажираме со дипломатија, но мислам дека треба да бидеме информирани за историјата, изјави тој.
Тој укажа на 2014 година и на 2008 година со анксијата на полустровот Крим и конфликтот во Источна Украина и со окупацијата на делови од Грузија, и дека истото се случува сега.
-Она што го гледаме е дека Русија и покрај тврдењето дека се повлекува од границата, тоа не го прави, туку напротив, гледаме дополнителни сили како пристигаат на границата, вклучително и елитни сили кои би биле дел од агресијата, изјави Блинкен.
Извор: МИА