Брижит Макрон тужи две жени кои ширеле информации дека е родена како машко

Од:

Сопругата на францускиот претседател Брижит Макрон поднела тужба против две жени кои на интернет ширеле дезинформации дека првата дама е родена како машко, соопштија денеска извори блиски до судските органи.

Првото рочиште во таа постапка е закажано за 15 јуни, наведуваат истите извори.

Две жени, едната претставувајќи се како пророк, а другата како независна новинарка, пријавиле дека Брижит Макрон е трансродова личност.

Кон тужбата се приклучија братот и трите деца на првата дама, а се однесува на нарушување на приватноста и злоупотреба на фотографии. Веќе неколку месеци на социјалните мрежи се појавуваат информации според кои Брижит Макрон со моминско презиме Троње (Trogneux) е родена како машко и се викала Жан Мишел (Јean Michel).

Би можело да ве интересира

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Макрон: Местото на Србија е во ЕУ

Горан Наумовски

Србија и Франција потпишаа 12 документи за соработка, меѓу кои и договорот за набавка на авиони „Рафал“

Горан Наумовски

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Белград

Макрон: На ​​ЕУ и нејзините членки им треба силна Србија под нивно крило

Горан Наумовски

Француските медиуми за посетата на Макрон на Србија: Можна потврда на договорот за купување на 12 „Рафали“