Сите работници кои се водеа како исчезанти по серијата експлозии во фабрика за преработка на гас во Флорида, се пронајдени живи, соопштија локалните власти.
Најновото соопштение на полицијата ги смири стравувањата дека е можно 15 од вкупно 24-те работници во фабриката да загинале, како што претходно се сметаше.
Според новите податоци на канцеларијата на шерифот округот Лејк, Гари Бордерс, во експлиозиите се повредени седум лица.
Претходно, Бордерс соопшти дека при експлозиите во фабриката за пропан-бутан „Блу Рино“ во градот Таварес бил разурнат покривот на објектот.
Експлозиите почнале околу 23 часот по локално време (пет часот утрово по средноевропско време) и траеле околу еден час.
Веројатна причина за хаваријата е експлозија на контејнери со гас, од кои настанал пожар, по што пламените јазици достигнале височина до неколку десетици метри.