Средба на Ештон со Морси

Од:

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, која се наоѓа во посета на Египет, се сретна со сменетиот египетски претседател Мохамед Морси, јави ДПА.

Информацијата за средбата, која траела околу два часа, ја објави на Твитер портпаролката на Ештон, Маја Коцијанчич.

Се очекува денеска попладне Ештон да одржи прес-конференција и да ги соопшти деталите од средбата со Морси.

Морси се наоѓа во притвор на тајна локација обезбедувана од армијата. Тој е обвинет дека заедно со палестинската исламистичка група Хамас планирал да изврши „непријателски дејствија“.

Ова е втора посета на Ештон на Египет откако на 3. јули војската го смени Морси од власта.

Приврзаници на Морси упатија повик за одржување големи протести денеска за негова поддршка, и покрај заканата на властите дека ќе биде употребена сила. Околу еден милион лица синоќа мирно протестираа пред седиштето на безбедносните сили во Каиро.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски