Розмари Дикарло: Тензиите околу Украина достигна највисоко ниво од 2014 година

Од:

Тензиите околу Украина достигна највисоко ниво од 2014 година, изјави денеска заменик-генералниот секретар на ОН за политички и мировни прашања, Розмари Дикарло, на седницата на Советот за безбедност на ОН.

„Денес, една година по последниот состанок, тензиите во и околу Украина се повисоки од кога било од 2014 година. Шпекулациите и обвинувањата за потенцијален воен конфликт се во пораст, а реалноста е дека моменталната ситуација е крајно опасна“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска предупреди дека руските сили се подготвуваат да ја нападнат Украина во „наредните денови“ и нагласи дека Москва планира да направи изговор за агресија.

Блинкен на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина рече дека претходно денеска испратил писмо до рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во кое предлага да се сретнат во Европа следната недела, откако ја повика Русија отворено и јасно да потврди за време на состанокот дека нема да извши инвазија врз Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција