Најдобриот македонски тенисер Димитар Грабул не успеа да ја мине првата пречка на фјучрсот во Остенде, Белгија. Нашиот тенисер загуби од Жулиен Дубе од Белгија со 2:1 во сетови (3:6; 6:2 и 7:6 (8:6)).
Ова е прв од петте турнири во последнив период, на кој Грабул е елиминиран во 1.коло.
Томислав Јотовски на турнирот во Сомбор, Србија во 1.коло за противник го има квалификантот Динко Халачев од Бугарија.
На овој турнир во квалификациите настапуваше и Шендрит Деари, но поради повреда мораше да го предаде мечот од 2.коло на Иван Шабанов од Хрватска.