Европскиот парламент одобри 1,2 милијарди евра помош за Украина

Од:

Европскиот парламент одобри итна програма за макрофинансиска помош од 1,2 милијарди евра за Украина.

На пленарната седница одржана вчера во Стразбур, за средствата гласаа 598 од вкупно 694 европратеници, јави Бгнес.

Програмата ќе стапи во сила по нејзиното одобрување од Советот на ЕУ. Помошта е наменета за одржување на економската и финансиската стабилност на Украина во услови на ескалација на руско-украинскиот конфликт. Таа ќе биде исплатена годинава во две транши.

Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен претходно најави обезбедување финансиска помош за Украина. Таа појасни дека новиот пакет ќе вклучува „итни заеми и грантови“ и особено нова итна програма за макрофинансиска помош од 1,2 милијарди евра.

Макрофинансиската помош се заеми што Европската Унија ги доделува по поволни услови за соседните земји, главно за поддршка на нивниот платен биланс.

Според Европската комисија, од 2014 година, ЕУ и нејзините финансиски институции обезбедиле повеќе од 17 милијарди евра заеми и грантови за Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимен моментот кога ракетите ATACMS паѓаа на сред плажа на Крим

Разговараа американскиот и рускиот министер за одбрана, објавија различни верзии за разговорот

ВИДЕО: Силен удар на Крим, убиени две деца

Предраг Петровиќ

Украинци мислеле дека бегаат од земјата, па биле регрутирани „на измама“

Предраг Петровиќ

Во соседтвото никнува најголемата НАТО база во Европа

ВИДЕО: Русија рано утринава нападна, снимени руски ракети кои летаат кон Киев